Позната по своите улоги како вистински негативец во мексиканските теленовели, актерката Карла Алварез беше најдена мртва вчера напладне во својот стан поради причини којшто сеуште се непознати за јавноста.
41 годишната актерка беше пронајдена мртва од својата сестра, којашто ја потврди фаталната вест. Низ социјалните мрежи се зборува дека починала поради проблеми со срцето. Родена е во Мексико на 15. октомври во 1972. година, нејзиното прво појавување на телевизијата била улогата во теленовелата „Мариа Мерцедес“ кадешто ја играла помалата сестра на главниот лик толкуван од Талија.
Во 2012. година актерката се соочи со скандали во својата кариера откако беше отпуштена од неколку проекти поради проблем со алкохолот. Минатиот месец и беше дијагностициран рак и поради тоа беше оддалечена од сцената.
Гледачите во Македонија ќе ја паметат по улогите во сериите „Невина“ и „Љубовни рани“ кадешто глумеше негативни ликови.
| ТВ Пакет