Дека Нивес Целзиус обожува да ја шокира јавноста знаевме и порано, но дека има афинитети кон жените – тоа за нас е потполно ново!
Хрватската старлета на Фејсбук ги сподели своите чувства кон, како што вели, најсексипилната Србинка. „Само што сфатив дека сум вљубена во Ана Николиќ. Дали е можно да постои некој што е толку секси? ОК, доста ФБ. Одам да го погледнам нејзиниот спот уште 69 пати“, напиша таа на својот профил.
Ана Николиќ, пак, за „Курир“ открива дека таквите комлименти секогаш и годат. „Секогаш ми годат комплиментите, особено кога доаѓаат од такви убави и секси жени! Инаку, најмногу влијаат комплиментите од жените, затоа што се искрени. Не сум изненадена што ме сакаат и во Хрватска, јас често настапувам таму и гледам дека сум одлично прифатена Како јас, така и мојата нова песна Баксузе“, изјавува таа.
Chris | ТВ Пакет