Почетна / Серии / Нинџа желките се враќаат на МТВ 1 во нова 3Д цртана серија

Нинџа желките се враќаат на МТВ 1 во нова 3Д цртана серија

 

Најавувана пред неколку години, почнува дури оваа есен

 

 

Се сеќавате на популарните Нинџа желки од вашето детство? Четворицата браќа Леонардо, Донатело, Рафаело и Микеланџело, борците против злото во Њујорк и хероите подготвени да се соочат со сите опасности кои демнеат надвор од канализациониот свет.

 

 

Храбриот Леонардо е водичот на желките со синиот појас, остроумниот Донатело е најпаметната желка со виолетовиот појас кој е вљубен во Ејприл, агресивниот Рафаело е најсилната желка со црвен појас и авантуристот Микеланџело, љубителот на пица, видеоигри и шеги, носи портокалов појас. Нивни најголеми пријатели се Сребрениот Стржар, Ејнџел, Дањо, секако стаорецот Сплинтер и многу други, додека пак најголеми непријатели им се ного нинџите.

 

 

Македонската телевизија започнува со емитување на новата цртана верзија за популарните стрип ликови, надсинхронизирана на македонски јазик. Се работи за трета верзија на оваа позната франшиза – првата и најпопуларна беше емитувана во деведесетите на МТВ, втората верзија ја емитуваше А1, и сега на ред е повторно МТВ со најновата верзија, снимена од детскиот канал Nickelodeon.

 Насловната нумера “Teenage Mutant Ninja Turtles” ја изведуваат Sebastian Evans II и Stanley Martinez.

 

 

Серијата ќе се емитува од понеделник, 19 септември, секој работен ден во 19.05 часот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!