Криза во средните години во животот – во 20:40 часот
Минатата недела на Алфа телевизија со емитување започна новиот босански ситком “Криза”, снимен во Сараево во 2013 година во 24 продолженија. Се емитува од понеделник до петок во 20:40 часот, веднаш по завршување на “Луд, збунет, нормален”.
Серијата ни ги прикажува згодите и незгодите на четворица средовечни пријатели Алеш, Мирон, Недо и Зринко кои по многу години повторно се среќаваат и решаваат да ги остварат своите младешни соништа – да станат рок музичари. Алеш е ветеринар кој ја мрази работата, а Мирон, неговиот брат, е сликар кој го шетал цел свет и сега се доселува во куќата на братот. Заедно со братот и двајцата пријатели го основаат бендот “Криза”, мислејќи дека ако се рок пејачи, ќе имаат повеќе успех кај жените.
Четворицата пријатели ги толкуваат Никола Којо, Енис Бешлагиќ, Александар Сексан и Мирван Куриќ.
Дани | ТВ Пакет