Кратка содржина;
Лусија и Игнасио се дваесет години во брак, имаат три млади деца; Анхелес, Диего и Сесилија. Нивниот брак веќе со години е само претстава за пријателите, роднините и социјалата која ги опкружува.
Игнасио е бесчуствиутелен и манипулативен човек, кој истовремено е и голем женкар. Човек кој на својата сопруга гледа како уште еден предмето во луксузниот дом.
Лусија со години е жртва на златниот кафез наречен брак, несакајки да го растури домот и фамилијата.
Игнасио е сопственик на хирургија за пластични операции, лидер во секторот, почитуван доктор, на која позиција е дојден пред се благодарение на бракот со Лусија.
Доња Инес Монталбан вдовица на Вега е мајка на Лусија, која е една од главните акционери во болницата бидејки нејзиниот брат Антонио Монталбан бил основач на истата. По неговата смрт, неговата миленичка внука Лусија го наследува мнозинството на акции во болницата, што ќе ја направи една од највлијателните жени во браншата.
Од друга страна пак, нејзината помлада сестра Тринидад ќе остане само со мал дел од наследството што не е доволно за да го покрие нејзиниот скап живот.
Доња Инес, почитувана дама од високото општество, крајно побожна ја присилива својата ќерка Лусија да остане во несаканиот брак за доброто на своите деца. На жена како Доња Инес, која на прво место секогаш и се фамилијарните вредности, не може да се помири со втор разведен брак во фамилијата, откако нејзината помала ќерка се развела пред само неколку месеци.
Тринидад отсекогаш била љубоморна на постарата сестра Лусија, ја презира од сржта на душата бидејки го има она што таа никогаш го немала; љубовта и вниманието кое и го пружаат драгите луѓе, но најголемата причина за таа омраза и завист е што Лусија е мажена за првата и едиснтвена голема љубов на Тринидад, Игнасио.
Огорчена, Тринидад се омажила за Алфредо, надежен и ценет архитект кој никогаш не успеала да го засака вистински, барем не како што го сака Игнасио, сопругот на својата сестра.
Алфредо е мирољубив и разбирлив човек, но како и што секое трпение има граници, смачен од игрите на својата сопруга, Алфредо побарал развод од Трини.
Онаа која секогаш имала разбирање за Лусија е Чоле, домарка и нана во мансионот на доња Инес која работи за фамилијата повеќе од 40 години. Чоле која ги одгледала Лусија и Тринидад, сега работи како почитувана домарка во фамилијата Соријано, бидејки по венчавката на Лусија и Игнасио, се преселила во нивниот дом за да ги чува децата на Лусија.
Лусија ја обожава Чоле и за неа таа е како дел од фамилијата, за разлика од не нејзиниот сопруг Игнасио секогаш бил резервиран кон “слугинката“.
Најдобриот пријател и соработник на Игнасио е Октавио Валдерама, егоистичен и амбициозен маж кој го користи пријателството на Игнасио за добро ситуирана позиција во болницата. Користејки го својот генијален ум, Октавио често и лесно го користи својот лесноумен шеф, како што настрана често го нарекува Игнасио.
Анхелес, најстарата ќерка на Соријанови, никогаш не се согласувала добро со својата мајка Лусија. Од друга страна пак, таа е миленичка на својот татко.
Игнасио отсекогаш сонувал неговиот единствен син Диего да биде како него еден ден, но за негова несреќа двајцата се тотална спротивност. Диего е чуствителен и внимателен како својата мајка и секогаш е на нејзина страна.
Во клиниката се вработува Густаво, млад и надежен хирург кој што е препорачан од акционерите во болницата. Од првата средба, се раѓа голема хемија помеѓу Лусија и Густаво, тој не може да ја прикрие привлечноста која ја чуствува за жената на својот газда. Од друга страна пак, ниту Лусија не може да остане рамнодушна кон човекот кој во неа ќе ја разгори страста како што мислела дека изумрела со годините.

Предавство е призказна каде што грешките се повторуваат и не се забораваат.
Од утре во 20:00 часот новата вебновела од авторот на ‘Црвена Месечина’ и ‘Одмазда’.
Дали може да опстане љубов во оковите на туѓите сенки?
Од утре во 20:00 часот новата вебновела од авторот на ‘Црвена Месечина’ и ‘Одмазда’.
Alevosía
Бергер | ТВ Пакет