Од утре, понеделник (3 ноември) на Алфа ќе започне новата српска емисија “Куќа од срце”. Oваа емисија има за цел д аим помогне на сите оние семејства кои се соочиле со несреќа во животот, па така освен тоа што им го решава станбеното прашање, им помага и во разрешување на семејните и љубовни односи. Овој телевизиски проект ги згрижува најзагрозените семејства, а во акцијата се вклучени многу организации и поединци кои сметаат дека хуманоста е еден од врвните принципи за секој човек. Семејстава опфатени со овој проект имаа прилика да бидат станбено згрижени, материјално потпомогнати, да се вратат во образовниот систем, а сето тоа резултира со ресоцијализација на семејствата во општеството. “Куќа од срце” ќе се емитува од понеделник до петок во 19:15 часот, веднаш по завршување на турската серија “Дневникот на Фериде”.
Освен оваа емисија, од утре започнуваат и нови епизоди на “Работна акција”, која ќе се емитува секој понеделник во 21:15 часот. Има семејства што животот го поминуваат во трошни куќи, се соочуваат со сериозни социјални и здравствени проблеми… Или, пак, живеат во домови оштетени од пожари или од други временски или елементарни непогоди. На овие луѓе им е неопходна помош. Оваа емисија има мисија. Таа мисија се состои во тоа да им се помогне и да живеат барем во пристојни услови за домување. Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија и поведени од хумани мотиви ќе им ги реновираат домовите и ќе им ги опремат цакум-пакум. Секој дефект ќе биде поправен, секој недостаток ќе биде надоместен. Вредните и хумани луѓе ќе работат 5 дена, додека за тоа време семејството ќе живее кај роднините или кај пријателите.Кога ќе се вратат назад… Нивните реакции и тие моменти потврдуваат дека хуманоста е една од највисоките вредности.
Новата сезона, и овој пат, е полна со емоции и хумана акција на дело. Екипата на „Работна акција“ во оваа сезона им пријде на помош на оние што најмногу настрадаа за време на поплавите во Србија.
Дани | ТВ Пакет