Давид Темелков е новиот македонски икс фактор
22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е новиот фаворит на македонската публика во регионалното шоу “Икс фактор”, кое веќе втора сезона се емитува на Сител телевизија. Давид во boot camp-от ја изведе легендарната “Тајно моја” на Тоше Проески и доби едно од шесте места во групата на момците, чиј ментор е Александра Ковач. Ковач изјави дека он е првиот кандидат кој ја расплакал за време на шоуто и без двоумење, му обезбеди столица, односно место меѓу нејзините кандидати.
Дали Давид Темелков ќе ги следи стапките на Даниел Кајмакоски и ќе донесе уште една победа за Македонец во ова шоу, останува да видиме. Но, несомнено младиот дечко има икс фактор. Останува на нас да го бодриме и гласаме.
Дани | ТВ Пакет