Кога го запознавме цицаше крв, а сега ќе го гледаме како скока по дрвјата и го зборува животинскиот јазик. Келан Латс е тука да ја освежи приказната за момчето што израсна во џунглата. Ѕвездата од “The Twilight Saga” ќе биде новиот Тарзан во модернизираната адаптација на класичната приказна. Филмот ќе биде работен во 3D технологијата, а режијата падна во рацете на Реинхард Клус и Холџер Тап.
Што се однесува до Џејн, и таа ќе биде одиграна од филмска ѕвезда. Улогата на љубената на Тарзан и е доделена на ѕвездата од “Resident Evil”, убавата Спенсер Лок. Со ова темпо на работа филмските продукции набрзо нема да остават ниту класична цртана приказна без своја модернизирана адаптација.
Ви се допаѓа ли идејата?
Chris | ТВ Пакет