Почетна / Живот / Нови серијали посветени на љубовта и потрагата по идеалниот партнер

Нови серијали посветени на љубовта и потрагата по идеалниот партнер

 

Месецот на љубовта преку очите на TLC

 

Февруари е месецот на љубовта, а TLC овој пат ни носи малку поинаков преглед на љубовта и заљубеноста. Преглед кој навистина се случува, ништо налик совршените реклами и излози со цвеќиња и срциња. Ослободете се од стереотипите и предрасудите и тргнете во потрага по љубов заедно со TLC. Пораката е јасна. Сите заслужуваме љубов. Само што понекогаш ја бараме во погрешни луѓе и на погрешни места, но од грешките се учи.

Потрагата за љубов на TLC ќе трае цел февруари, а на „Денот на вљубените“ ќе се прослави со специјалните изданија од популарните емисии.

 


 

Од новите серијали го издвојуваме серијалот „Родители, оженете ме!“, која следи сосема нормални ситуации ако се вратиме еден век наназад, а денес е контроверзна тема.  Во овој храбар експеримент, луѓе кои немаат среќа во љубовта, ќе се согласат нивните родители да им го изберат животниот партнер и ќе дознаат дали родителскиот избор ќе им донесе среќа.

Факт е дека на некои луѓе едноставно им е потребна помош да го пронајдат вистинскиот партнер, а доказ за тоа се бројните сервиси за запознавање кои го прават она што родителите во минатото го работеле. Серијалот  го отвора и прашањето зошто родителите понекогаш толку многу се противат на изборот на нивните деца? Следете го серијалот „Родителе, оженете ме!“ секој вторник во 20 часот на TLC.

На 14 февруари пак, TLC во текот на целиот ден ќе прикажува емисии кои ќе ја истакнуваат човековата потреба да пронајдат љубов. Во серијалот „Сакам, посакувам или бегам“ жени со исклучително лош стил се препуштаат во рацете на модното гуру Стејси Лондон за да постигнат изглед кој ќе им помогне да го освојат срцето на личноста која им се допаѓа.

 


 

Исто и специјално издание од серијалот „90 дена до венчавка“  ќе се прикажува на овој ден. Ако љубовта на својот живот ја сретнете во Америка, заедно со одбраниот партнер, САД ви нуди т.н. вереничка виза која трае 90 дена. Во тој период мора да се венчате или да ја напуштите државата и да се вратите во матичната држава. Ако планирате да аплицирате за ваква виза, вклучете прво TLC  за да дознаете што ве очекува.

И запомнете, вистинската љубов победува сè!

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!