Почетна / МК Сцена / Нови хитови на македонската музичка сцена

Нови хитови на македонската музичка сцена

Тројца македонски пејачи при крајот на зимава ги изненадија слушателите со нови песни. Песната на Александар Тарабунов е дело на Јован Јованов и Дамјан Лазаров, а на неа се работело три месеци. Периодов, Тара е актуелен и со живите настапи низ неколку градови во Македонија, а во мај ќе настапува на Макфест.

По многу долго време, нова песна со спот извади и Дарко Гелев – Брејк. Се работи за емотивна балада, а во спотот се прикажани неколку обични луѓе од различни профили, но со иста емоција. Црно-белиот спот е изработен во продукција на 3D Project Studio Скопје, снимен е во City Home (поранешно Hard Rock), режијата е на Милчо Узунов, камерата е на Сашо Доковски и монтажата на Никола Качански. Музиката и аранжманот на песната се на Александар Митевски, а текстот е на Дарко Гелев Брејк.

Вчера на Youtube излезе и новата песна на Ламбе Алабаковски. „Кога те имам“ е дело на Лазар и Магдалена Цветковски. Ова е трета песна на Ламбе од најавениот албум, а неговата матична План Б Продукција најави снимање видеоспот за истата веќе следната недела. Во меѓувреме, Ламбе работи на подготовка и снимање на спотот за победничката песна од Скопски фестивал – „Ќе те чекам јас“ со која освои 20.000 евра.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!