Од продукцијата на Пинк доаѓа “Повеќе од игра”
Покрај “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”, во Македонија доаѓа најновиот формат на Пинк телевизија коj ќе понуди импозантна сценографија и светлосни ефекти. Се работи за ново српско шоу во кое освен многу музика, ќе видиме и многу танц.
За титулата победник во ова шоу ќе се борат 105 танцувачки детски групи во кои учествуваат деца од 6 до 16 година, кои воедно ќе треба да покажат умешност и способност во своето танцување.
Познатите Пинкови ѕвездички од првата сезона ќе пејат, тин групата Мастер Бластерс ќе свират, а натпреварувачките групи ќе танцуваат. Во шоуто ќе видиме и македонски натпреварувачи.
Жирито го сочинуваат Тијана Дапчевиќ, Ана Николиќ, Локица Стефановиќ, Мина Заларевиќ и Милица Церовиќ. Како и на “Ѕвездички”, така и на ова шоу, водителка е Маријана.
Шоуто ќе го емитува Сител телевизија и тоа секоја сабота со почеток во 16:30 часот.
Дани | ТВ Пакет