Ексклузивно на Сител од овој викенд ќе се емитува шоуто наречено “Брачен судија”. Нешто тотално различно од она што досега сте го гледале. Проектот има за цел да ги реши брачните проблеми на пријавените учесници и да ја најде причината поради која се појавил тој проблем.
Жирито е составено од познати личности, водители, спортисти и актери. Тие ќе ги коментираат, оценуваат и ќе им нудат различни совети на брачните парови во моментите на расправии и несогласувања на кои гледачите ќе бидат сведоци секој викенд на Сител. Публиката за првпат ќе може да се најде во центарот на брачните расправии, да ги надгледува одблизу, како и да ги анализира. На крајот ќе биде прогласен победникот.
Како се одредува победникот?
Еден од членовите на жирито ќе има улога на судија, тој на крајот ќе го повика брачниот пар кој има проблем или несогласување, и ќе одлучи кој е во право, а кој не. Доколку жената е победник, а мажот е виновен. Во тој случај жената ја освојува наградата и обратно.
Влијание на одлуката ќе имаат сите членови на жирито, кои наизменично ќе ја даваат својата критика за актуелниот проблем, како и совети за тоа како најдобро да се реши истиот.
Меѓу судиите ќе се појават Аца Лукас, Лепа Лукиќ, Саша Поповиќ, Дејан Петкович, Беби Дол, Дара Буба Мара, Аца Пејовиќ, Милан Станковиќ и други.
Од оваа сабота ексклузивно на Сител.
Chris | ТВ Пакет