Индиската серија “Uttaran” (Отфрлена) која српската телевизија Прва неодамна почна да ја емитува на местото на “Бандини”, сега пристигна и на Алсат во Македонија. Но тоа не е се, наскоро на една од македонските телевизии пристигнува и уште една индиска серија, повеќе за тоа кога ќе дојде време.
“Отфрлена”
Приказна за врската на двете пријателки која ќе се стави на сериозен тест
Синопсис
Тапу и Ишка потекнуваат од сосема различни друштвени слоеви. Тапу е ќерка на богатите аристократи Дивџе и Џоги Такура. Иако е родена во раскош, Тапу сепак е скомна, послушна и добра. Ишка живее во сиромашна куќа, премногу рано останува без својот татко и расте само со мајката Дамини, која работи како куќна помошничка за да му овозможи на своето дете нормален живот.
Кога Џоги Такур ќе открие дека е ненамерно виновен за смртта на таткото на Ишка, тој повеќе нема да има мирен живот поради вината што ја чувствува. За да ја смири совеста и да ја поправи грешката, одлучува Ишка да ја одгледа како своја ќерка. Меѓутоа, и покрај пријателството кое девојчињата го развиле, љубомората е неизбежна, особено кога Ишка ќе ги освои сите со својата едноставност и добро срце. Сумитра Деви, тетка на мајката на Тапу, одбива да ја прифати Ишка и полека почнува Тапу да ја врти против неа.
По неколку години…
Првиот голем проблем настаува кога во нивниот живот ќе се појави згодниот и богат Вир Синг Бундел. Џоги Такур ќе посака Тапу да ја омажи за него, но не знае дека таа е вљубена во Сид. Тапу и се доверува на Ишка и ја моли таа да се омажи за Вир, пријателката го прифаќа тоа. Со текот на времето Вир вистински ќе се вљуби во Ишка, а Тапу ќе почне да ја обзема љубомора кога ќе ја види нејзината пријателка среќна.
Chris | ТВ Пакет