Ударна вест оваа недела за евровизиското семејство беше објавата дека по двегодишна пауза, една од помалите држави се враќа со учество во 2025 година, тоа е Црна Гора.
Нивниот последен претставник од 2022 година, Владана пееше песна на нашиот композитор Дарко Димитров и таа сега е креативен директор во националниот радиодифузер РТЦГ која ќе помогне и во изборот на Црна Гора. Всушност од нејзината изјава дознаваме за вистинската причина за враќањето на Црна Гора.
Владана изјавува: “Воодушевени сме што Црна Гора се враќа на Изборот за песна на Евровизија во 2025 година. По неколку години отсуство, ова е прекрасна можност за нас да ја прикажеме богатата културна разновидност на нашата земја на европската сцена. Нашиот претставник ќе биде избран преку национален избор наречен „Монтесонг“, кој ќе се организира во соработка со Здружението на изведувачки уметници и естрадни уметници на Црна Гора. Ова партнерство е дизајнирано да поттикне што е можно повеќе црногорски изведувачи да учествуваат. Нашата цел е да промовираме нови музички таленти и повторно да се поврземе со пошироката европска публика. Веруваме дека ова ќе го означи почетокот на нова и успешна ера за Црна Гора на Евровизија.”
Истакнувајќи ја вистинската причина за враќањето веруваме дека и МРТ од истата причина треба да ја врати Македонија на евровизиската сцена, исто како и Србија, Хрватска, Словенија, Молдавија и останатите мали земји каде ова им е единственото место каде можат да ја претстават својата земја. Евровизија е место за музиката на различни култури исто како што за спортистите тоа се Олимписките игри или европските и светските првенства во различни спортови.
Замислете спортските права се далеку поскапи за пренесување и плус на многу од нив нашата земја не ни успева да обезбеди учество, па сепак се плаќа аа нив и тие редовно се пренесуваат. Време е поради истата причина и Македонија да се врати на Евровизија.
Дани | ТВ Пакет