Студентката од Сплит што беше брутално силувана, засега е во стабилна здравствена состојба, но сеуште не се знае дали ќе биде пуштена од болница. Пет часа траеше операцијата која едвај и го спаси животот, нејзиното закрепнување ќе трае долг период. Матката и јајниците на девојката за среќа нe се оштетени, лекарите се надеваат дека ќе може да има деца, пишува Денешен.
Осомничениот за силувањето, Роко Ш. кој е студент на економскиот факултет во Сплит, моментално се наоѓа зад решетки. Кога ќе бидат испитани сите сведоци, тој ќе може да излезе од притвор и да се брани од слобода. Ако дојде до судење и доколку судот го прогласи за виновен тој би можел да добие затворска казна од три до петнаесет години. Тој заедно со силуваната студентка подготвувал испити. Наводно не биле во врска. Меѓутоа, еден од последните статуси на Фејсбук профилот на Роко гласел: „Ма каков шарм и шамар беше доволен за да ја освојам“.
Полицијата сеуште истражува што точно се случило таа вечер, односно со што осомничениот и нанел такви повреди на девојката, која за малку ќе починела од крварење. Полицијата поднесе кривична пријава, но истрагата сеуште не е завршена. Моментално го бараме предметот со кој е извршено казненото дело, велат од полицијата. Според лекарите, девојката е силувана со миксер или некој сличен предмет.
Ивана Таневска | ТВ Пакет