“Црната роза” – наскоро на Сител телевизија
“Црната роза” e една од најгледаните и најпопуларни турски теленовели последниве неколку години. Главната улога ја толкува познатата турска актерка Ече Услу, ѕвездата од сериите “Збогум засекогаш”, “Зерда” и “Каде е ќерка ми”. Серијата започнува наскоро на Сител телевиаија, а за содржината дополнително ќе ве известиме.
Од серијата досега се снимени три сезони, а поради тоа што сеуште е на врвот на гледаноста во Турција, серијата продолжува и со нова сезона. За нејзино прикажување, интерес пројавија сите земји од регионот и арапскиот свет. Минатата сезона се емитуваше во Хрватска и Бугарија, а во септември започна во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Овој месец започнува на Сител телевизија во Македонија, а по нас, и соседна Србија ќе започне со емитување на Розата.
Во земјата во која се спојува традицијата на Истокот и безгрижноста на Западот, онаму каде владеат строгите правила на семејството и жените водат борби за подобро утре, се раѓа приказната за црната роза, жената која ќе се роди повторно онаму каде немаше надеж за тоа. Заробена меѓу оковите на традицијата и желбата да обезбезди убав живот за своите деца, црната роза ќе мора да се соочи со сите непријатели, да застане на нозе и да се избори против сите неправди кои и биле нанесени.
Дани | ТВ Пакет