Финалистите од „Х Фактор“ вчервечер ја запалија салата Борис Трајковски која беше преполна со фановите што непрестано го извикуваа името на Даниел Кајмакоски. Концертот го започна токму тој, а потоа се појавија Илма, Тамара, Александра, Лукијан, Фифи, Алекса, Харис, Маид и групите Доктори и 4U.
Публиката им покажа како Македонците знаат да сакаат и да уживаат во музиката. Концертот беше поделен во четири блока, а водител на истиот беше Снеже Велков. Приходите од влезниците ќе бидат дадени во хуманитарни цели за настраданите од Србија, Босна и Хрватска. Ова беше последен пат сите овие ѕвезди да ги видиме на едно место, бидејќи во новата сезона не очекуваат нови незаборвани моменти со новите „Х Фактор“ ѕвезди.
{gallery}062014/xfactor2{/gallery}
фото: Популарно.мк
| ТВ Пакет