Почетна / Серии / „Од денес за утре“ репризно на Сител телевизија

„Од денес за утре“ репризно на Сител телевизија

 

Телевизија Сител од понеделник репризно ќе ја емитува македонската серија „Од денес за утре“. За репризата на оваа серија отстапен е утринскиот термин 9:45 или веднаш по Македонските стари приказни.

 

 

„Од денес за утре“ е македонска играна серија којашто во продукција на „Идеја плус комуникации“ и Сител телевизија се снимаше пролетта 2010-та, а премиерно беше прикажана на 3-ти октомври 2010-та. Во првата епизода привлече гледаност од 288.000 гледачи.

Серијата обработува тематика од секојдневниот живот на просечно семејство од средната класа составено од неколку генерации кои живеат под еден покрив. Играната серија се обиде да ги прикаже од духовитата страна на животот проблемите и предизвиците со кои се соочува семејството во секојдневието.

Режисер на серијата е Иво Лауренчиќ, сценариото е на Братислав Димитров и Предраг Перишиќ, а музиката е на Ристо Самарџиев.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!