Потсетете се како започна семејната драма за нашата Дениз
Телевизискиот мега хит “Карасевда” со новата сезона ексклузивно на Сител продолжува од есен, а на нејзино место во 22 часот започна со емитување новата турска драма “Нашата Дениз”.
Покрај многутте летни и забавни содржини на малите екрани ова лето, оваа серија успева да ја понуди бараната доза на љубовна драма за сите сладокусци на овој жанр. Вистинска драма следат гледачите на телевизија Сител секоја вечер, а Македонија е една од првите земји која ги откупи правата за оваа нова продукција од земјата на Босфорот.
Како минуваат епизодите, станува се поинтересно и поинтригантно, но како започна оваа драма? За сите оние кои ја следат серијата, ве потсетуваме на главната нишка на приказната… а сите оние кои не ја погледнале, ќе имаат можност да се запознаат со сторијата и да се вклучат во приказната за тагата и болката на нашата Дениз.
Уште на самиот старт од новелата, ја запознаваме главната хероина – Дениз. Дениз е скромна и паметна жена. Жена која навидум има сѐ што било која друга би посакала – богат живот во голема вила кој го дели со својот сопруг и двете деца. Верува на сите луѓе во нејзината близина, не знаејќи дека токму оние, најблиските може да ѝ забијат нож во грбот и тоа сосема одненадеж. Една од нив е нејзината пријателка Хулија… а еден од нив е и нејзиниот сопруг Алихан. Хулија ќе ја поттикне Шебнем, вработена во компанијата на Алихан да започне афера со него, а пак тој, Алихан, нема да може да одолее на Шебнем и во тајност, ќе ја изневери својата мила сопруга Дениз.
Заслепен од страста кон Шебнем, Алихан ќе реши да остави сѐ зад себе, да ги остави својата жена и деца, да ја продаде компанијата и да замине далеку со љубовницата.
И по само неколку дена од неговото заминување, Дениз го губи целото богатство и останува сама со својот стар татко и своите две деца. Оставена сама на себе и разочарана, за Дениз сепак животот мора да продолжи. Таа нема друг избор освен да се труди да го даде најдоброто за своите деца и да ги одведе на прав пат.
Сите заедно ќе мора да се преселат во едно сиромашно соседство, но тоа ни малку нема да ѝ се допадне на нејзината ќерка. За нашата Дениз и нејзините деца следуваат тешки времиња на прилагодување на новиот начин на живот, а на новиот пат, таа го запозна Мерит, кој стана нејзин спасител и човек кој ќе ја научи вистински да сака.
Главните улоги ги толкуваат Özge Özberk (Диви јагоди, Поинакви времиња, Збогум засекогаш, Роза, Север и југ) и Ahmet Kutsi (Мирниот сокак, Доктори).
Дани | ТВ Пакет