„НАЈМИЛА“
од утре во 9:30 на Сител телевизија и репризно вечер во 23:30
Две девојки кои пораснаа заедно ќе се претворат во смртни непријателки
Уште една неповторлива драма од Бразилската продукција „Глобо“. Оригинална приказна, извонредна актерска екипа, непредвидливи пресврти и неизвесност до самиот крај се главните карактеристики на серијата „Најмила“. Две години по ред добитник на наградата во категоријата „Најдобра драма“ во Бразил.
Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?
Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сé додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венча со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венча со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател. Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки. Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години.
| ТВ Пакет