Се прашувате за кои филмови да издвоите време овој месец? Еве три предлози.
Почнете со „Космички грев“
Американски научно -фантастичен акционен филм во режија на Едвард Дрејк, во кој глумат незаменливата ѕвезда Брус Вилис како Џејмс Форд и Френк Грило во улога на Генералот Рајл.
Во 2524 година, четири века откако луѓето почнале да колонизираат планети во вселената, пензионираниот генерал Џејмс Форд е повикан повторно да се врати во активна служба откако непријателската вонземска флота напаѓа војници на оддалечена планета. Заканата против човештвото наскоро прераснува во меѓуeѕвездена војна, а Форд и тимот од елитни војници се обидуваат да го спречат претстојниот напад пред да биде предоцна.
Уживајте во научно-фантастичната забава на 23.10 во 21:00 на FilmBox Premium.
Не го пропуштајте „Блекторн“
Дваесет години по неговото исчезнување во 1908 година, Буч Касиди (Сем Шепард), кој живее под името Џејмс Блекторн во едно затскриено село во Боливија, решава да го прекине својот долг егзил и да се врати во САД откако дознава за смртта на Ета Плејс.
Тој му пишува на нејзиниот син Рајан, кој всушност е негов син, велејќи му дека има намера да се врати.
Ова е еден од најдобрите вестерни што излегоа во последните неколку години. Сем Шепард е фантастичен во оваа улога. „Шепард е роден да глуми во вестерн“ е само една од позитивните критики кои ги упатуваат гледачите. Мешавината од сегашност и минато, дејство испрекинато со флешбек сцени и спомени го прават овој филм возбудлив и се прашувате дали тој навистина е Буч или не. Сеедно дали сте фан на вестерн или не, ова е еден филм што треба да го гледате. Генерално, еден ако не и најдобриот вестерн што е снименво последниве години.
„Блекторн“ се емитува во сабота 23.10 во 21:00 на FilmBox Stars.
„Сатурн во опозиција“ е трет избор за љубителите на добро филмско остварување.
Ова e навистина прекрасно режисерско дело на турскиот режисер Ферзан Озпетек. Приказната се движи околу група пријатели кои се долго заедно.
За време на вечера во станот на Давид, Лоренцо без предупредување страда од аневризма и паѓа во кома од која не се опоравува. Неговите пријатели се длабоко потресени од неговата смрт; но токму поради тоа започнуваат да се појавуваат проблеми кои дотогаш биле скриени и се закануваат да ја уништат групата, а Давидза малку ќе се самоубие. Сите тие конечно се собираат во планинското засолниште на Давид со поглед на морето и се помируваат едни со други и смртта на Лоренцо.
Од привлечната актерска екипа веројатно најсилен впечаток остава актеркатаАмбиа Ангиолини.
Филмот е фасцинантен со мешавина од геј и стрејт ликови со малку хомофобиченфокус.Погледнете го на 31.10 во 21:00 наFilmBox Stars
За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.