Го испративме и осмото live издание од дефинитивно најгледаното телевизиско шоу на Балканот во последните 10 години. Учесниците на „Х-Фактор“ добија задача да пеат песни од своите ментори. Специјални гости на вечерта беа Наташа Беквалац, Ана Станиќ и некогашниот учесник и водител Славко Калезиќ кој направи скандал!
„Х-Фактор“ live 8, од минута во минута!
Го испративме и осмото live издание од дефинитивно најгледаното музичко шоу на Балканот во последните 10 години. Учесниците на „Х-Фактор“ добија задача да пеат песни од своите ментори. Специјални гости на вечерта беа Наташа Беквалац, Ана Станиќ и некогашниот учесник и водител Славко Калезиќ кој направи скандал!
Прв настапи Маид Хечимовиќ со песната „Није љубав ствар“ од Жељко Јоксимовиќ. Тој рече дека многу му значи поддршката од неговиот ментор кој еднаш изјави дека би го напуштил натпреварувањето доколку Маид не се врати во шоуто. Маид го отвори шоуто на спектакуларен начин и ги воодушеви сите, од ментори до гледачи.
Следна настапи Илма Карахмет со песната од својот ментор „Као птица на мом длану“. Емина имаше замерки на брзината на песната, а Жељко рече дека Илма отпеала фантастично. Кристина исто така ја пофали Илма.
Во ревијалниот дел први настапија Парни ваљак.
Следни беа Докторите кои ја отпеаја песната на Кристина Ковач, „Да те волим“. Кики рече дека сите момци отпеале совршено, иако имале проблем со мониторингот. Емина рече дека тие се мајстори. Жељко издвои дека ги сака песните на Кристина и оти Доктори одлично се снашле, додаде дека би сакал да продолжат да бидат сложни. Менторката Кристина изјави дека е горда на пејачите од Доктори и оти емоцијата била најдобра во нивниот настап.
Лукијан Ивановиќ отпеа песна од менторката Емина Јаховиќ, „Још ти се надам“. Жељко имаше замерка на аранжманот, но рече дека бил одличен, Кристина исто така имаше пофални зборови и рече дека и се допаднала изведбата. Емина рече дека мислела оти само таа и Саша можат на овој начин да ја отпеат оваа песна, таа е горда на Лукијан.
Наташа Беквалац ја претстави својата нова песна „Најгора“ во ревијалниот дел на емисијата, а многумина беа изненадени од нејзиниот стил, на Твитер нејзината фризура беше прогласена за полоша и од фризурите на водителките.
Тамара Милановиќ ја отпеа песната од Кики Лесендриќ, „Случајно“. Емина рече дека и се допаднало емотивното изведување на оваа песна, Жељко истакна дека песната и легнала и оти ја отпеала одлично, Кристина додаде дека Тамара била фантастична и оти сјае со посебен сјај кога пее добри песни. Кики исто така беше задоволен од оваа изведба.
Последен настапи нашиот Даниел Кајмакоски. Оваа вечер тој се претстави со песна од својот ментор, „Љубави“. Кристина рече дека можеби требало да пее друга песна, но не го оспорува неговиот неверојатен талент и бескрајно верува во него, Емина му рече на Даниел дека бил добар, но и оти можел и подобро, Жељко истакна дека кога Даниел греши дури и тоа го прави со стил. На социјалните мрежи веднаш се појавија погрдни зборови за Даниел од Македонците, но таков е нашиот народ. Даниел беше неверојатен!
Потоа во ревијалниот дел настапија Парни ваљак со уште една песна, Ана Станиќ со новата песна и некогашниот учесник во шоуто водителот Славко Калезиќ, кој ја испеа својата песна „Кривац“.
Двајца учесници со најмалку гласови беа Маид и Илма кои влегоа во дуел. Маид ја отпеа песната „Одисеја“, додека Илма се претстави со „Кораке ти знам“. Жељко гласаше Илма да си оди дома, Кики гласаше против Маид, Кристина даде глас за Илма да си оди дома, Емина исто така ја испрати малата дома.
На социјалните мрежи повторно не можеше да се прочита ништо друго освен за „Х-Фактор“ за време на шоуто, најмногу исмеана беше Илма Карахмет и нејзиниот костим кој можел да се трансформира на 20 други начина. Па еве како твитерашите ја доживеаја Илма Карахмет
Плус, најдобриот настап на вечерта!
Крис Манев | ТВ Пакет