Прва скопска МТМ телевизија премиерно ја емитуваше тинејџерската серија “Being Eve”. Од неодамна, истата телевизија ја репризира серијата, а од денес серијата се емитува и на Сител телевизија во викенд утринските термини. Ова не е прва серија на Сител која се емитувала претходно на локалните телевизии. Лани се емитуваше теленовелата “Забранета страст”, а претходно и француската тин серија “Љубов на распуст”.
“Да се биде Ив” е снимена во Нов Зеланд во 2001 година од продукцијата South Pacific Pictures, во 26 получасовни продолженија. Серијата се фокусира на згодите и незгодите на тинејџерката Ив и нејзините секојдневни проблеми. Нејзините родители се разведени, но живеат куќа до куќа. Во почетокот на серијата, Ив е во врска со Адам, но подоцна раскинува со него и започнува романса со Сем, момчето со кого го имала првиот бакнеж како дете.
ТВ серијата се емитуваше и на останатите локални телевизии низ земјава како ТВМ (Охрид, Струга), Кис (Тетово, Гостивар), Ирис (Штип), Визија (Прилеп, Битола), ГТВ (Гевгелија) итн.
Дани | ТВ Пакет