Веќе после втората епизода новата турска серија „Малиот ага“, која според содржината премногу потсеќа на филмскиот серијал „Сам дома“, се искачи на врвот меѓу најгледаните програми.
Заслужен за тоа е секако малиот актер Емир Берке или познат како Осман од мегахитот „Бурни времиња“ што се емитуваше на Сител телевизија. На социјалните мрежи меѓу Турците кои засега се единствените што ја погледнале оваа серија може да се слушнат само убави зборови за осумгодишниот актер.
Улогата на Осман му ги отвори вратите кон славата па така веќе на оваа возраст малиот актер има потпишано ексклузивен договор на две години каде што ќе се појавува како модел за неколку агенции, настапи во бројни реклами и сега е вистинска ѕвезда во Турција.
| ТВ Пакет