Почетна / Телевизија / Осуда до телевизија Пинк за маратонското финале на „Ѕвездички“

Осуда до телевизија Пинк за маратонското финале на „Ѕвездички“

 

Новинарската школа со осуда – Не може деца да се будни во 4 наутро!

 

Гледачите од регионот шокирани и згрозени – телевизија Пинк реализираше маратонско финале на детското шоу “Пинкови ѕвездички” кое траеше неверојатни 7 часа, односно од 21 часот до 4 часот наутро. Неколку пресеци, исфрлања и постојано пеење беше концептот на финалето, за кој Новосадската новинарска школа дури поднесе и приговор до српскиот Совет за радиодифузија со барање да се казни тв Пинк поради грубо кршење на детските права и професионалните стандарди.

 

 

Со приморувањето на деца да се натпреваруваат до доцна во ноќта, Пинк прекршила неколку одредби како што се член 77 од Законот за јавно информирање и медиуми, член 68 од Законот за електронски медиуми, член 5 став 4 од Кодексот на новинари на Србија и дел од Кодексот за деца и медиуми.

Се работи за емитување на содржина во термин кој не е соодветен за детска публика. Неколкуте полуфинални емисии траеја до 2 часот наутро, а малите седумгодишни Ника и Ања дури и плачеа во тоа време од ноќта затоа што им се спиеше. Без разлика дали родителите на децата натпреварувачи се согласиле за учество во тој шоу програм, сепак не е допустлив пристапот на Пинк телевизија да ги тера децата да останат будни и да пеат толку доцна.

 

 

Контрапример ќе ја наведеме Детската Евровизија, која неколку години се емитуваше од 20 до 22 часот. Но, веќе од лани земјите учеснички сфатија дека тоа време е непригодно за емитување на детска содржина и затоа фестивалот од сега се емитува од 17 часот.

Емисијата “Пинкови ѕвездички” во Србија постигнува големи рејтинзи, со што се фали постојано и Пинк, па затоа може да се заклучи дека на тоа се гледа само како на комерцијална содржина. Поради терминот на емитување, дури не може да се смета за детско талент шоу, туку за реално шоу во кое децата ја имаат главната улога.

 

 

Како за потсетување, и ланското финале траеше толку долго, но никој не превзема ништо, ниту пак се смени нешто. Ретки се и оние будните во тоа време од ноќта кои може да гласаат и да го изберат својот победник. Она што дополнително ги изненади гледчаите е што веќе следното утро од 11 часот, децата требаше да бидат во утринската на Пинк и да зборуваат за суперфиналето.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!