Од септември на Сител доаѓа “Велики брат”
Од септември, на програмите на најгледаните регионални телевизии започнува регионалната верзија на реалното шоу “Големиот брат”. Сител телевизија ќе го пренесува шоуто за гледачите на Македонија. “Големиот брат” ветува многу забава, лудости и глупости на станарите кои ќе се вселат од септември во познатата куќа.
Како што веќе известија српските медиуми, водители на шоуто ќе бидат Антонија Блаче и Александар Радојичиќ, познати како водителскиот пар од “Икс фактор”. Познатата Маријана која досега беше водителка на ова шоу нема повеќе да биде дел од него, поради нејзиниот водителски ангажман во “Пинк ѕвездички”.
Дани | ТВ Пакет