Доаѓа замената за К-15 и Контра вестите
Сакате брзи и навремени информации? Сакате сѐ да дознавате први? Штета. Во “Фчерашни новости“ ќе дознаете последни и како сите последни најслатко ќе се насмеете. Под мотото “Чекор зад сите“ и под диригентска палка на Бранко Огњановски попознат како Миле Паника овие вести ќе се потрудат да ви ги донесат сите вести за кои веќе сте слушнале од еден поинаков агол.
Хумористично сатиричната емисија „Фчерашни новости“ ќе се емитува секоја недела во 19.15 часот часот, веднаш по главните вести на Телма. Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, ќе се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно ќе се прикажува секоја недела на „Телма“, а ќе се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.
– Сакаме да пополниме една дупка што во последно време ја констатираме не само ние туку и пошироката публика. На телевизиите недостига хумор, а особено сатира. Домашната продукција е многу слабо застапена. Изборот се турски серии и вести. Ние ќе понудиме нешто ново. Мислам дека емисијата ќе биде прифатена и од старо и од младо… што би рекле политичарите, ќе ја гледаат сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност – вели Огњановски.
Дани | ТВ Пакет