Почетна / Телевизија / Пајажината е отплетена

Пајажината е отплетена

 

 

Утре напладне конечно ќе го видиме крајот на процесот “Пајажина”, судијата Павлина Христовска на 22-та обвинети за перење пари, даночно затајување и злосторничко здружување ќе им ја прочита пресудата. Велија Рамковски и останатите обвинети беа уапсени во декември 2010-та година, ги задржаа во притвор сите освен Хеди Рамковски и уште двајца косовски државјани.

 

 

На 28-ми јануари во 2011-та година Кривичниот суд во Скопје одлучи да ги замрзне сметките на фирмите од Перо Наков бб. и поради таа одлука вработените во телевизијата одлучија вестите да ги емитуваат од пред зградата на владата во центарот на Скопје во знак на протест. Веќе на 30-ти јули 2011-та година телевизијата А1 престана да емитува програма поради одземената дозвола за работа. Оваа година со одлука на доверителите телевизијата беше ликвидирана.

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!