Македонски поп-рок бенд „Пеперминт“ е целосно подготвен за лудување во скопската Хавана в петок.
Овој самостоен концерт на Пеперминт е насловен по хитот „Девојката со точакот“ со кој македонската публика се запозна со овој бенд. По тој повод сите девојки кои таа вечер на концертот ќе пристигнат со својот велосипед ќе добијат гратис карта. Во врска со паркинг местата за велосипедите, посетителите на концертот кои имаат цел да пристигнат со својот велосипед, да немаат грижи, бидејќи клубот Хавана веќе го обезбеди паркинг решението за истите.
Секојдневни проби, интензивни подобрувања во лајф перформансот, звукот и хармонијата на сцената, како и интересни креативни сценски точки е нашето секојдневието во последните десетина дена, велат од Пеперминт, а како доказ на сето ова е снимката направена за време на нивната проба.
По завршувањето на концертот на бендот, настанот ќе продолжи со сет на DJ Game Over. Карти во претпродажба по цена од 150МКД во Custom Pub, Ljubov, Happy cafe. Се гледаме во петок, на 18 – ти Октомври точно на полноќ!
| ТВ Пакет