Пепси денес го најави албумот „Пепси Ритамот на убавата игра”, ексклузивна колекција на 11 култни песни и кратки филмови кои го доловуваат неизбришливиот интернационален дух, слики и звуци од најпопуларната игра на светот – фудбалот. Визуелниот албум ги обединува музичарите од светските топ листи со наградуваните режисери, со цел да се претстави испреплетеноста на моќта на музиката, филмот и спортот.
„Пепси Ритамот на убавата игра” претставува спој на веќе докажани, но и артисти во подем од целиот свет, вклучувајќи ги Кели Роуланд, Жанел Моне, Рита Ора, Дон Омар, Сантиголд и Тимбаленд, Р3хаб и Џета заедно со регионалните ѕвезди Пеарлс Неграс (Бразил), Џолин Цаи Јилинг (Кина), како и Хасан Ел Шафеи (Египет). Овие артисти ќе бидат инспирација и за 11 кратки филмови од динамичните режисери, вклучувајќи ги Спајк Ли, Идрис Елба, Џеси Тереро, Диего Луна, Енди Морахан, Браќата Колтон и многу други, додека придружните видеа раскажуваат приказна инспирирана од секоја песна.
Секоја недела, Пепси ќе пласира премиерно од песните од албумот како синглови на iTunes, со придружните видеа, кои ќе бидат бесплатни за гледање истиот ден на www.pepsi.com/thegame како и на YouTube и Vevo каналите на артистите.
Првото видео кое ќе биде промовирано од албумот, Young Astronauts, режиран спот за Heroes, http://smarturl.it/janellemonaeheroes е освежената верзија на Жанел Моне на легендарниот класик на Дејвид Боуви. Нумерата беше промовирана пред неколку недели, додека видеото своето деби го доби денес.
„Овој визуелен албум е прослава на различните уметнички таленти и преплетува две уметнички форми кои досега постоеја пред се во служба едната на друга. Со „Пепси Ритамот на убавата игра” конечно ги подигнуваме овие форми на уметност на еднаква рамнина и сето тоа го претставуваме на глобално ниво. „Ритамот” претставува музички и видео парчиња кои зборуваат за духот на фудбалската култура, каде песните служат како инспирација за филмовите – а филмовите придонесуваат кон поголема интерпретација на песните”, изјави Френк Купер, Главен Маркетинг директор, Вклучување на глобалните потрошувачи, ПепсиКо Групација.
Како најголема соработка на музиката, филмот и фудбалот во историјата на брендот досега, „Пепси Ритамот на убавата игра” звучно и визуелно ги опфаќа сигналите, звуците и приказните кои ги обединуваат фановите на фудбалот. Сингл по сингл, возбудата, страста и интензитетот се преливаат како фудбалер на теренот.
Комплетниот албум „Пепси Макс Ритамот на убавата игра” од 11 синглови официјално ќе биде пуштен на 9 јуни. Почнувајќи од денес, албумот е пуштен во предпродажба на iTunes, http://smarturl.it/PepsiBOTBG
„Веднаш бев привлечена од “The Game”, бидејќи можам да се идентификувам со неговата тема на надминување на предизвиците и пронаоѓање на својот глас. Тоа е многу важна порака и сум почестена што сум партнер на Пепси на проект кој ги спојува светот на музиката, спортот и филмот заедно”, изјави Кели Роуланд, „како артист и голем фан на филмот и на спортот, сето ова беше неверојатно искуство.”
Целосната листа на песни ги вклучува:
Janelle Monáe, “Heroes,” од Young Astronauts
Don Omar, “Pura Vida,” од Jessy Terrero
Rita Ora, “I Will Never Let You Down (Switch Remix),” од Diego Luna
R3hab feat. Eva Simons, “Unstoppable” од Idris Elba
Jetta,“Crescendo,”
Kelly Rowland, “The Game” од Spike Lee
Santigold, “Kicking Down Doors” од Andy Morahan
Timbaland staring Rachel Assil, “Whoever We Are” од The Kolton Brothers
Pearls Negras, “Guerreira” од Cine Favela
Jolin Tsai Yl-ling,“Now is the Time,” од Cai Yiqi
Hassan el Shafei, “Ahlam Men Gedial”
„Пепси Ритамот на убавата игра” е дел од интегрираната фудбалска кампања за 2014 на Пепси. Албумот ја следи најавата на глобалната реклама и интерактивниот филм на брендот: „Моментот е тоа што ќе го направите од него”, како и на креативната уметничка колекција „Уметноста на фудбалот”. Кампањата ќе продолжи да претставува нови искуства на фановите низ годината, доближувајќи ги до играта која ја сакаат.
За повеќе информации за Пепси и кампањите, посетете ја www.Pepsi.com и следете ги информациите онлајн на #FutbolNow
| ТВ Пакет