Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација кој настапува во Олимпијакос се претстави дека доаѓа од ФИРОМ, а не од Македонија. Во најавата на вчерашното полуфинале меѓу Олимпијакос и Барселона тој рече: “Перо Антиќ, Фиром”, и секако, ја разочара цела Македонија. Социјалните мрежи се местото каде што Македонците го изразија своето незадоволство, сите се свесни дека Македонија во ФИБА е примена под привремената референца, меѓутоа на никој не му е драго што тоа се слушна од устата на нашиот капитен.
Chris | ТВ Пакет