Скопје конечно ќе добие ноќен клуб достоен за метрополата. Во петок конечно се отвора „Театро“. Ноќниот клуб е во барок стил, но мора да се признае, уреден со многу вкус и изгледа отмено и атрактивно.
– Му требаше на нашиот град еден ваков ноќен клуб, вложено е многу и желбата ни е градот навистина да има еден ваков клуб, место каде што ќе има каде да се помине убава вечер и се разбира, каде да однесете гости за да понесат убави впечатоци од ноќниот живот на градот – вели Горан Наумовски – Кизо, сопственик на „Театро“.
Крис Манев | ТВ Пакет