Почетна / Телевизија / Петрески ќе се повлече од позицијата во МРТ?

Петрески ќе се повлече од позицијата во МРТ?

 

Горан Петрески е подготвен да ја преземе целосната одговорност за објавата на веста на јавниот сервис од саботата – дека во Солун починал грчки државјанин со македонско потекло, како последица на напад од членовите на ултра – националистичката „Златна Зора“. Уредникот на информативната програма на МРТ се извинува и остава на јавноста да одлучи, подготвен е и да се повлече од позицијата на која застана неодамна, јавува Алфа телевизија.

„Jа прифаќам грешката што си дозволивме да објавиме информација што се темелеше на два односно три извора – електронските изданија на Македонска Нација и Македонска Зора, која за МТВ ја потврди претседателот на СМК- Тодор Петров. Требаше информацијата да ја потврдиме и од трет независен извор. Во оваа пригода им се извинувам на гледачите за забуната и паниката која што ја предизвикавме… Во 21 година независност на оваа држава се случуваа авионски несреќи и други различни трагедии и никому за тоа не му фали влакно на главата. Но ако јавноста цени дека е потребно за развојот на демократијата и медиумите, јас сум подготвен да ја превземам целосната одговорност за случајот“, за Алфа телевизија изјави уредникот на информативната програма на МРТ, Горан Петрески.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!