Според првичните информации до кои дојде екипата на ТВ Пакет, вчеравечер во Клуб Енерџи во Гостивар, поради љубомора бил нападнат пејачот Перо Пандилоски.
Очевидци на настанот велат дека пејачот за време на свирката отишол во тоалет, но во исто време, љубоморниот хулиган забележал дека неговата поранешна девојка ја нема па си претпоставил дека е заедно со пејачот. Се упатил кон тоалетот и таму го нападнал пејачот мавајќи го по главата со тупаници, веднаш потоа избегал.
Полицијата за ТВ Пакет го потврди настанот, лицето Д.П. му нанело повреди на пејачот Перо Пандилоски во пределот на окото.
Автор | ТВ Пакет