„Пинк Медиа Груп“ од Советот за радиодифузија побара дозвола за реемитување на четири свои канали – Пинк плус, Пинк екстра, Пинк фолк и Пинк мјузик. Но, во своето официјално писмо до СРД при барање на дозволата, од српскиот медиумски гигант се обратиле само со референцата.
Поради таа причина, Советот за радиодифузија од „Пинк Медиа Груп“ денеска (вторник) побара извинување за обраќањето со „БЈРМ“ ако сака повторно да влезе во македонскиот медиумски простор. Покрај извинувањето за рушење на угледот на државата, СРД побара да се подмири и долгот на Пинк 15 минус кон Советот и кон поранешните вработени.
На денешната седница беа укажани забелешки и за работата на дел од македонските радиодифузери. Само во првата половина на годинава изречени биле 107 опомени и укажувања за различни прекршоци. Денеска не беа соопштени никакви детали за прекршоците, и за тоа ќе треба да се почека следната седница на СРД, за кога е најавен детален извештај.
Chris | ТВ Пакет