Ситно се брои до најголемиот музички спектакл оваа година – концертот на едни најголемите имиња во светот на музиката, Владо Георгиев и Тони Цетински, закажан за на 18. февруари во спортската сала „Вип арена – Борис Трајковски“.
70 % од влезниците се распродадени, а истите до 15 февруари ќе останат по симболична цена од 600 денари за партер и 700 денари за седење. Затоа, не губете време и резервирајте карти преку онлајн-мрежата на „купикартизасе“ или пак купете од музичката продавница „Пола Југотон“, потоа „Розе Веро – 2“ и „Ситимол“.
– Остануваат уште многу мал број на билети. Владее огромен интерес кај публиката како за никој досега. Бидејќи ова е прв и единствен концерт во регионот, заинтересирани се луѓе и од околните градови од Србија, потоа Косовска Митровица и уште неколку други градови. Со оглед на тоа дека Владо и Тони првпат во животот пеат заедно и ќе бидат на иста сцена, ова ќе биде еден од најдобрите концерти оваа година – велат организаторите на овој концерт.
Не заборавајте дека има и организиран превоз и од сите градови во земјава.
За повеќе информации во врска со концертот, кликнете на овој ЛИНК