Пред неколку денови ТВ Пакет ексклузивно ви откри дека во најновата турска серија Calikusu беше отпеана старата македонска песна „Мајка на Марика“, а денеска имаме уште една интересна вест за сите љубители на турските серии.
Не знаеме поради која причина пејачката во кантината во оваа неверојатна приказна постојано пее македонски песни на македонски јазик, но тоа сепак ни годи и привлекува внимание како во Македонија така и во околните земји каде што се познати нашите стари народни песни. Во 19-та епизода пејачката ја отпеа „Јовано Јованке“ и истата беше искористена во најавата за епизодата.
Откако ТВ Пакет почна да пишува за оваа серија веќе почнаа да се шират гласини дека една македонска телевизија веќе ги има откупено правата за Calikusu, но додека не ни потврдат официјално нема да откриеме за која телевизија се работи, се разбира за да одбегнеме шпекулации.
Крис Манев | ТВ Пакет