Хип-хоп групата од Битола, Б-Клан, која активно работи на македонската сцена повеќе од 3 години, ви ги претставува двата нови видео записи.
Групата ја сочинуваат 2 члена, односно Дејан Мицкоски и Дарко Јоцковиќ. За сето време од нивното постоење тие снимија околу 40 песни, а за две од нив имаат и видео спотови. Нивната кариера брои и еден албум насловен ако „24/7“ кој содржи 13 песни. Момците на сцената се препознатливи по нивната соработка со Марија Станковска, со која соработуваат веќе две години. Песните ги снимаат во Гимел Студио, а спотовите им ги изработи Dream Cast продукција.
Ивана Таневска | ТВ Пакет