Will.i.am и Britney Spears направија хип-хоп ремикс на својата песна Scream & Shout, за која вчера беше објавен и спот. Во ремиксот учествуваа раперите Diddy, Hit Boy, Waka Flocka Flame и Lil Wayne, а во спотот имаме можност да ја видиме Britney во сосема поинакво издание. Принцезата носи интересно парче од колекцијата на Adidas.
Синглот Scream & Shout досега е продаден во повеќе од 3 милиони примероци, првата верзија на спотот е прегледана повеќе од 100 милиони пати на видео сервисот Јутјуб, додека песната се најде на првото место на iTunes во повеќе од 60 земји ширум светот.
Ивана Таневска | ТВ Пакет