Нови емисии на Алфа, меѓу нив и македонско музичко шоу
Оваа сезона, Алфа телевизија се потруди на гледачите да им понуди многу нови емисии од македонска продукција. Едни од новитетите се квизот “Круг на знаење” и забавно контактната емисија “Се во едно”. Двете емисии се емитуваат секој работен ден во попладневните часови. Во недела се емитува новата сезона на “Во недела попладне” со Ненад и Марјана, а пак за љубителите на фолк и турбо фолк музиката во сабота во 15:30 часот се емитува “Чаша љубов” со Сани. Тука е и македонската “Жешка кујна”, контактната емисија “Збор по збор” и “Најсмешните видео инсерти”.
Освен овие емисии, од среда на Алфа во 12.30 часот ќе се емитува “Алфа ординација”. “Алфа ординација” е контактна емисија посветена на здравјето и на здравиот живот која ќе се прикажува од понеделник до петок.
Наскоро започнува и македонско музичко реално шоу. Сите кои сакаат да бидат дел од шоуто “На иста адреса”, може да се пријават на меил адресата : [email protected]
Како што веќе објавивме, Алфа снима и своја документарна серија и играна хумористична серија “Цимери”, за чие започнување навремено ќе ве известиме.
Дани | ТВ Пакет