Почетна / Телевизија / Х Фактор / Познати се сите детали околу концертот на Х Фактор

Познати се сите детали околу концертот на Х Фактор

 

Заработката од концертот на „Х Фактор“ ќе оди во хуманитарни цели за настраданите од поплавите во регионот.

 

 

Денеска во скопскиот ресторан Рагуза беше одржан пресот на „Х Фактор“ на којшто беа присутни голем дел од македонските новинари и претставниците на музичкото шоу Даниел Кајмакоски, Урош Туркулов, Тамара Милановиќ, Фифи, водителката Снеже Велков и Сандрина Анџиќ од МБК продукција.

Концертот најавен за 7. јуни доби хуманитарни димензии. Сопственичката на МБК продукцијата носител на лиценцата на шоуто соопшти дека целата заработка ќе ја достават за потребите на настраданите во поплавите од регионот.

Цените на влезниците се следните: 350 денари партер, 400 денари трибина и 700 денари фан пит. На концертот ќе присуствуваат сите финалисти.

Она што е најважно да се спомене е информацијата дека влезниците од претходно закажаниот концерт на Кики Лесендриќ нема да важат за овој концерт, бидејќи се работи за други организатори, се молат оние кои имаат такви влезници да ги вратат и навреме да си обезбедат соодветна влезница за да се избегнат проблеми на при влегувањето.

Даниел Кајмакоски на пресот изјави дека немал желба да се појави на Евровизиската сцена иако следната година фестивалот се сели во земјата каде тој поминал 25 години од својот живот.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!