Вечерва во Епицентар гостува продуцентот и DJ од Island кого го сметаат за вистинско креативно чудо на техно сцената. Неговото име е Bjarki и е дел од почитуваната дискографска куќа на глобалниот techno superstar, Nina Kraviz. Bjarki е роден во Рејкјавик, но на 12 годишна возраст се сели да живее со својот татко и брат во мало место, северно од Исланд.
Дур неговиот брат се обидувал со месеци да создаде музика, во една прилика, начекува момент кога тој не е присутен и започнува да ги преобликува песните. Инспириран од музиката на The Prodigy и The Chemical Brothers, Bjarki создава енергични techno и glitch траки. На 17 години се сели во Copenhagen, каде почнува да излегува на techno забави и да ја запознава електрoнската сцена.
Кога ќе биде за прв пат повикан на забава да пушта музика тој учи да микса од видео туториjали на Youtube. Следната година, неговата тогашна девојка, ќе инсистира да одат на настап на Tiesto. Тој ќе биде толку разочаран што мора да и ја исполни желбата, што ќе пие дур нозете го држат. Од таму, заминуваат во „Culture box“ клуб каде Nina Kraviz има 9 часовен сет. Неговата девојка ќе и подаде usb со музика на Bjarki, од кои поголем дел денес се веќе големи хитови. За таа случка Bjarki вели: „Бев тотално пијан и неспособен дури да ја поздравам, заминав многу бргу од клубот, а на usb стикот немав ни податоци кој сум“. Nina по недела дена ќе го побара преку промотерот на клубот и ќе му ја раскаже идејата за нејзината дискографска куќа – ТРИП.
Денес Bjarki има издадено три албумa за ТРИП (B, Lefhanded Fuqs, Æ) голем број синглови и има неверојатно многу малку денови за работа во студио бидејќи е постојано на турнеа. Минататa година тој отвори и сопствена дискографска куќа „bbbbbb Records”. Bjarki вели дека се уште станува наутро и прави десетина траки кои се во различно темпо од она што се нарекува techno, пред спиење најчесто од грешките и од неочекуваните битови создава две techno траки кои можат да заживеат на подиум. На тој начин е и создадена „I wanna go Bang“ која е и негов најголем хит, како и на издавачката куќа Трип.
Bjarki во Скопје го имаме во моментот кога неговата светска популарност е во зенитот, а неговата кариера загарантирано долговечна, бидејќи креативноста која ја поседува се вика генијалност.