Латино-американскиот актер, Хектор Аредондо, за македонската публика познат од шпанските серии, почина на 44 години од рак на панкреасот.
Многумина од неговите колеги изразија сочуство на социјалните мрежи и не можат да поверуваат дека тој повеќе не е меѓу нас.
Еден од главните ликови во серијата „Los Plateados“ којашто се емитуваше на А1 телевизија, дозна дека боледува од оваа болест пред само неколку недели, а докторите открија и дека Хектор го одбил стандардниот медицински третман, најверојатно поради тежината на болеста.
Во еден од последните твитови актерот од срце се заблагодари на своите пријатели, колеги и фанови на поддршката која му ја дадоа од моментот кога дозна дека е болен.
Нека почива во мир!