Тажна вест за сите фанови на серијата „Ангели“ пристигна од Аргентина. Докажаниот актер Хуан Карлос Галван кој го глумеше ликот на Каспер во серијата што ги освои тинејџерите ширум светот, „Ангели“, почина вчера на 83-та година од својот живот, јавуваат порталите од Латинска Америка.
Тој се прослави со многу филмски улоги, телевизиски улоги и театарски претстави. Во текот на својот живот изгради кариера од 64 години. Тој во серијата „Ангели“ го глумеше ликот на Каспер, односно градинарот во куќата на Инчаусти, истиот беше убиен од злобниот Бартоломе во првата сезона. Нека почива во мир.