Почетна / Филм / Почина српската актерка Злата Петковиќ

Почина српската актерка Злата Петковиќ

 

Денеска почина српската актерка Злата Петковиќ во својата 58. година од животот. Таа пред една недела доживеа мозочен удар по што нејзината состојба се влошила, а во петокот беше оперирана.

 

 

Злата Петковиќ е родена во 1954. година во Сврљиг, а се прослави со улогата во серијата „Враќање на отпишаните“. После една аудиција на која случајно отиде во 1970. година, на Злата и е понудено да учествува на изборот за најубава тинејџерка на Југославија во Загреб, на која е избрана за прва придружничка на Анита Бутурина, идна сопруга на Мишо Ковач. Титулата на прва придружничка и овозможи да оди на светскиот избор за најубава тинејџерка во Токио, на која го понесе признанието Мис на фотогеничност, по што и се отворија вратите за актерската кариера.

 

Злата со години имала проблеми со високиот притисок. Со сопругот, музичарот Сања Илиќ, го имаше синот Андреј. Нека почива во мир.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!