Иако вечерва не настапува на првото полуфинале на „Евровизија“, Жељко Јоксимовиќ својата песна ја промовира со полна пареа. По нашата претставничка Калиопи, сега и претставникот на Србија пропеа на азербејџански јазик. На вчерашната прослава на делегацијата на претставничката на Азербејџан, земјата домаќин, Жељко рефренот од песната „Није љубав ствар“ го испеа на азрбејџански!
„Не планиравме да правиме уште верзии, но откако дојдовме тука луѓето постојано се интересираа дали својата песна ќе ја препеам на азербејџански. Нив тоа многу им значеше бидејќи досега ниту еден претставник не ја испеа песната на јазикот на домаќините“, изјави Јоксимовиќ.
Chris | ТВ Пакет