Почетна / Забава / Евровизија / По Селин Дион, уште една Канаѓанка како претставник на Швајцарија

По Селин Дион, уште една Канаѓанка како претставник на Швајцарија

 

Со поп песна, Швајцарија во второто полуфинале

 

28 осум години беа потребни да поминат за Швајцарија да избере повторно Канаѓанка на Евровизија и да се обиде пак да ја однесе победата. Во 1988 година, Селин Дион со песната Ne partez pas sans moi ја однесе втората победа за оваа земја, која иако покрај учеството уште од првото издание, и како домаќин на првата Евровизија има само две победи. Кон крајот на месец јули минатата година Швајцарија го потврди своето присуство во Стокхолм, најавувајќи го истиот метод на селекција како и претходните шест години.

 

 

Die Entscheidungsshow е името на нивниот национален избор, кој што е соработка помеѓу четирите јавни сервиси во Швајцарија: швајцарско-германскиот SRF, швајцарско-францускиот RTS, швајцарско-италијанскиот RSI и швајцарско-романскиот RTR. Секој од сервисот праќа неколку свои кандидат и потоа преку жири панел се одбираат најдобрите шест кој ќе се најдат во последниот дел од селекцијата, националното финале. Изборот се оддржа на 13 февруари а преку комбинација 50-50% од гласовите на публиката и жирито ја одбраа најдобрата, The Last of Our Kind во избедба на Rykka.

 

Родена во Ванкувер, Канада во 1986 година, со потекло од Швајцарија, Rykka или како што и гласи целосното име, Christina Maria Riede е дел од музичката сцена веќе 16 години. На 15 години започнала да посетува часови по гирата, а по неколку години се запишала на Vancouver Community колеџот за соло пеење. Во 2009 се преселува во Торонто каде што го издава својот трет независен соло албум Straight Line, а веќе наредната година истиот го издава и во Германија и Швајцарија, каде што продолжува да живее и да се занимава со музиката. Kodiak е нејзиниот следен албум, кој го издава во 2012 година и во кој што го претставува нејзиниот нов инди, алтернативен рок стил, а во истиот започнува да твори под уметничкото име Rykka. Како музичари кои се нејзина главна инспирација ги издвојува Бјорк, Мадона, Блонди, Кејт Буш и др.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!