Нова турска серија на Алфа, од четврток
Последната епизода на турската серија “Дневникот на Фериде” ќе биде емитувана утре, а веќе од четврток, во нејзиниот термин ќе започне новата турска серија “Љубов и казна”. Нека не ве чуди насловот. Имавме една серија со ист наслов која во Македонија беше доста популарна, па можеби тоа било мотив и Алфа така да ја преведе оваа серија.
Серијата ќе се емитува од понеделник до петок во 18:15 часот. “Љубов и казна” е снимена во истото место и куќа каде што е снимана серијата “Сила” и обработува исто така тема за турската традиција и крвната одмазда како сериите од типот на “Сила”, “Неправда”, “Судбината на една Зерда”. Во главната улога настапува познатиот Мендерес од “Завет”.
Содржина:
Во Мардин, градот каде владеат строгите правила на традицијата, живеат семејствата Пеливан и Бозбеј кои ги поврзува една голема кавга од минатото. Крвта протекла и го уништила пријателството на овие две влијателни фамилии. Откако Пеливанови го изгубиле најстариот син, тогаш во име на традицијата, одлучено било другата фамилија Бозбеј да го прогонат нивниот најстар син Омер и само на тој начин да се воспостави примирје меѓу семејствата. Поради тие чудни обичаи, Омер е израснат далеку од конзервативната средина и корените, онаму каде што може да живее како што тој сака и затоа по многу години станува успешен бизнисмен со модерни сфаќања. Никој не знае каде е, и така треба да остане заради мир меѓу семејствата и во градот.
По долги години, во Мадрин умира таткото на Омер и време е да се избере новиот Ага на племето. Мајката и братот на Омер, агицата Курејша и Халил го чекаат денот кога Омер ќе се врати во местото и ќе стане новиот ага. Од друга страна, оној што посакува исто така да стане ага е и Кадир, синот на семејството Пеливан. Додека татко му е на смртна постела, Кадир ја превзема улогата на глава на семејството и заедно со мајка му Фидан решаваат да го раскинат пактот за мир меѓу двете семејства и да почнат крвава битка за превласт во местото.
Во таа битка ќе биде вклучен и Омер кој ќе мора да се врати во родната куќа. Зад себе, во Истанбул ја остава својата љубена Лејла, но во местото каде доаѓа го очекува големо изненадување. Неговото семејство му подготвува брак со Диџле. Кога тој ќе застане спроти традицијата, во одбрана на љубовта, животот ќе го подготви за најголемата казна. Тешки денови доаѓаат за Омер и Лејла кои ќе мора да и се спротистават на традицијата за да може да бидат засекогаш заедно.
Улоги: İpek Karapınar (Лејла), Serhan Yavaş (Омер), Erkam Aydar (Кадир), Meltem Miraloğlu (Диџле), Emel Göksu (Курејша), Tolga Güleç (Халил)
Дани | ТВ Пакет