Пред две недели Кола Кола официјално ја претстави новата божиќна реклама која секогаш го навестува најубавиот период во годината, а црвените украсени камиони веќе пристигнаа и на македонските телевизии.
Оваа реклама традиционално секоја година го носи божиќниот дух во нашите топли домови, ја носи радоста и ја буди желбата да ги извадиме новогодишните сијалички и да ги украсиме прозорците. За жал оваа реклама е малку поинаква од останатите затоа што во неа повеќе го нема Џон Мур кој со години го глумеше Дедо Мраз во овие реклами.
Славниот дедо, чие благо лице и долгата бела брада се врежани во меморијата на многумина, почина годинава кон крајот на октомври на 86-та година од својот живот.