На 7-ми јануари, ден Божиќ, Сител телевизија нуди одлична програма за сите возрасти преку целиот ден. Почнувајќи од утринските часови па се до пладне Сител подготви детски блок со играни и анимирани филмови за деца. Ќе се емитуваат првиот и вториот дел од Халовинтаун, Кучето Шеги, Отворена сезона и фестивалот Златно Славејче 2013 кој се одржува по 43-ти пат, овој најстар македонски фестивал за деца, за две години, ќе прослави јубилеј од 45 години постоење.
На овој ден ќе се емитуваат и две епизоди од Македонските стари приказни, нови премиерни изданија, а следуваат и библиските филмови Давид и Аврам. Она што публиката едвај го очекува е безвременскиот филм Зона Замфирова кој ќе се емитува во два дела, понеделник и вторник.
Вечерта следува редовна епизода од Судбината на Фатмаѓул и првото и долгоочекувано издание во живо од Икс Фактор. Во ова издание ќе се случи првата елиминација, да се надеваме дека нашите натпреварувачи ќе го задржат своето учество до финалето.
| ТВ Пакет